Добродојдовте на Третиот Македонски конгрес за патишта 2025
0
0
0
0
Days
0
0
Hrs
0
0
Min
0
0
Sec

Почитувани колешки и колеги инженери,
Ни претставува огромна чест и задоволство да ве поканиме да учествувате на Трет македонски конгрес за патиштакој ќе биде одржан на 6ти и 7ми Ноември, 2025, во Скопје, во DoubleTree by Hilton.

На Првиот македонски конгрес за патишта, одржан во Скопје во 2019 година, имаше околу 300 учесници од 16 европски земји, со повеќе од 60 научни трудови.
Вториот македонски конгрес за патишта, одржан во Скопје во 2022 година, имаше околу 400 учесници од 23 европски земји, со објавени 77 научни трудови. По успешното завршување на овие два конгреса, можеме со сигурност да констатираме дека овој конгрес еволуираше во врвен настан на полето на патната инфраструктура, со значително меѓународно признание и значење
Очекуваме Третиот Македонски конгрес за патишта 2025 да биде традиционален меѓународен собир на градежни инженери во патната инфраструктура од Македонија и странство, со забележително меѓународно влијание, обезбедувајќи успешен континуитет со претходните два конгреса.
Покрај конгресот, во Македонија е во тек голем инвестициски циклус во патната инфраструктура во износ од над 2 милијарди евра, што се рефлектира во изградбата на 3 автопатски проекти кои се протегаат на над 180 километри, заедно со 6 автопатски делници, експресни патишта и регионални патишта.

Научници, професори и експерти од областа на патишта, од Македонија и Европа најавија учество што е можност за размена на позитивни искуства и знаења.

Темите на конгресот произлезени се од актуелните и најавените големи инвестиции во транспортната инфраструктура на Република Македонија (патишта и железници) во висина од преку 5 млрд евра.

Теми на претстојниот Трет Македонски конгрес за патишта се:

  • Планирање и проектирање
  • Управување, изградба и одржување
  • Безбедност на сообраќајот на патиштата
  • Заштита на животната средина и одржлив развој
  • Инфраструктурни објекти
  • Транспортна политика и финансирање
  • ITS и нови технологии во сообраќајот
  • Примена на вештачката интелигенција во патната инфраструктурата
  • Слободни и сродни теми од областа на патишта и презентација на нови проекти
  • Останати видови на сообраќај (железнички, воздушен, воден и интернет) status, projects, and development prospects

Во оваа прилика, ги повикуваме сите домашни и странски експерти да ги презентираат своите истражувања и искуства во областа на патиштата по предвидените теми. Ги повикуваме и сите домашни и странски компании, да помогнат во организацијата на овој голем меѓународен собир, преку промоција и рекламирање на нивните компании со избирање на еден од спонзорските пакети.