Во Република С. Македонија како и во регионот, во тек се значајни инвестиции во областа на патната инфраструктура. Големината на инвестицискиот циклус во патната инфраструктура кој се одвива во РС Македонија е во висина од преку 1 милијарда евра, изразена преку изградба на два автопати, неколку експресни патишта и повеќе регионални патишта.

Од тука станува јасно дека изградбата на овие патишта, како и управувањето и одржувањето со нив, а секако и на постојната патна мрежа, претставува исклучително комплексна инженерско – економска задача. Оваа исклучително одговорна задача поставена пред сегашната генерација на градежни инженери по патишта бара квалитетно планирање, проектирање и градење, базирано на најнови научно – стручни сознанија, користење на современи материјали и технологии, како и соодветна контрола. Едноставно овие барања, ги наметнуваат и дефинираат темите на Вториот Македонски Конгрес за Патишта.

Теми на претстојниот Втор Македонски Конгрес за Патишта се следниве:

Планирање и проектирање

Управување, изградба и одржување

Безбедност на сообраќајот на патиштата
Заштита на животната средина и одржлив развој

Инфраструктурни објекти

Транспортна политика и финансирање

ITS и нови технологии во сообраќајот

Слободни и сродни теми од областа на патишта и презентација на нови проекти

Ги повикуваме и сите домашни и странски компании да помогнат во организацијата на овој голем меѓународен собир, преку промоција и рекламирање на нивните компании со избирање на еден од спонзорските пакети.

Најдобрите трудови ќе бидат објавени во:
- Научно-професионалното списание „Патишта“ кое што го издава ДПРМ и,
- Научното списание „НСГИ“ (Научно Списание на Градежно Инженерство), кое што го издава Градежниот Факултет од Скопје