Добредојдовте на Вториот Македонски Конгрес за Патишта
Овој Втор Македонски конгрес за Патишта се организира во чест на големиот јубилеј, 55 година од основање на Друштвото за патишта на Република Македонија. Во прилог на Конгресот е и големиот инвестициски циклус во патната инфраструктура кој се одвива во Република С. Македонија во висина од преку 1 милијарда евра, изразена преку изградба на автопати, неколку експресни патишта и повеќе регионални патишта.
Теми на претстојниот Втор Македонски конгрес за Патишта се:
- Планирање и проектирање
- Управување, изградба и одржување
- Безбедност на сообраќајот на патиштата
- Заштита на животната средина и одржлив развој
- Инфраструктурни објекти
- Транспортна политика и финансирање
- ITS и нови технологии во сообраќајот
- Слободни и сродни теми од областа на патишта и презентација на нови проекти
Во оваа прилика, ги повикуваме сите домашни и странски експерти да ги презентираат своите истражувања и искуства во областа на патиштата по предвидените теми.
Ги повикуваме и сите домашни и странски компании да помогнат во организацијата на овој голем меѓународен собир, преку промоција и рекламирање на нивните компании со избирање на еден од спонзорските пакети.
Очекуваме Вториот Македонски Конгрес за Патишта 2022 да биде успешен континуитет на Првиот Македонски Конгрес за Патишта во 2019 година на кој имаше повеќе од 350 учесници од 16 земји во Европа, со повеќе од 60 научни трудови.