Во Република Македонија како и во регионот, во тек се значајни инвестиции во областа на патната инфраструктура. Големината на инвестицискиот циклус во патната инфраструктура кој се одвива во РС Македонија е во висина од преку 5 милијарди евра, изразена преку изградба на два автопати, неколку експресни патишта и повеќе регионални патишта.

Од тука станува јасно дека изградбата на овие патишта, како и управувањето и одржувањето со нив, а секако и на постојната патна мрежа, претставува исклучително комплексна инженерско – економска задача. Оваа исклучително одговорна задача поставена пред сегашната генерација на градежни инженери по патишта бара квалитетно планирање, проектирање и градење, базирано на најнови научно – стручни сознанија, користење на современи материјали и технологии, како и соодветна контрола. Едноставно овие барања, ги наметнуваат и дефинираат темите на Вториот Македонски Конгрес за Патишта.

Темите на конгресот произлезени се од актуелните и најавените големи инвестиции во транспортната инфраструктура на Република Македонија (патишта и железници) во висина од преку 5 млрд евра.

Теми на претстојниот Трет Македонски конгрес за патишта се следниве:

  1. Планирање и проектирање
  2. Управување, изградба и одржување
  3. Безбедност на сообраќајот на патиштата
  4. Заштита на животната средина и одржлив развој
  5. Инфраструктурни објекти
  6. Транспортна политика и финансирање
  7. ITS и нови технологии во сообраќајот
  8. Примена на вештачката интелигенција во патната инфраструктурата
  9. Слободни и сродни теми од областа на патишта и презентација на нови проекти
  10. Останати видови на сообраќај (железнички, воздушен, воден и интернет) состојба, проекти и перспективи за развој

Во оваа прилика, ги повикуваме сите домашни и странски експерти да ги презентираат своите истражувања и искуства во областа на патиштата по предвидените теми.

Ги повикуваме и сите домашни и странски компании да помогнат во организацијата на овој голем меѓународен собир, преку промоција и рекламирање на нивните компании со избирање на еден од спонзорските пакети.

Најдобрите трудови ќе бидат објавени во:

  • Научно-стручното списание „Патишта“ кое што го издава ДПМ и,
  • - Научното списание „НСГИ“ (Научно Списание на Градежно Инженерство), кое што го издава Градежниот Факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје