Ве молиме пополнете го формуларот на оваа страница за да се пријавите за учество на 3-от Македонски конгрес за патишта 2025 година.
Задолжителните полиња за учесници со трудови се означени со ѕвезда. Полето со број на телефон не е задолжително, но е пожелно заради побрза комуникација. Апстрактот може да содржи максимум 1.000 (илјада) карактери.
Учесниците кои присуствуваат без труд (иста котизација) треба да ги пополнат сите полиња до „Теми на конгресот“.
Откако ќе добиете потврда преку е-пошта за прифаќањето на вашиот апстракт, можете да го испратите вашиот целосен труд. Трудовите мора да се достават според приложениот образец (достапен за преземање овде).
За поголеми датотеки, ве молиме користете WeTransfer.com.
За повеќе информации: congress@mare.org.mk
| Активност | Рок |
|---|---|
| Краен рок за поднесување на апстрактот | 5 Септември 2025 |
| Известување за прифаќање на апстракот | 10 Септември 2025 |
| Краен рок за поднесување на целосниот труд | 1 Октомври 2025 |
| Известување за прифаќање на труд | 15 Октомври 2025 |
| Краен рок за пријавување на учесници | 27 Октомври 2025 |
| Датуми на конгресот | 6-7 Ноември 2025 |
- До 15 јули 2025 година: €299
До 15 септември 2025 година: €330- По 15 септември 2025 година: €360
- До 15 јули 2025 година: €160
До 15 септември 2025 година: €190- По 15 септември 2025 година: €220
Една котизација вклучува до 2 труда од ист автор. Може да се наведат до 4 автори на еден труд.
- Присуство на сите сесии на Конгресот
- Печатена Книга на апстракти
- Зборник на трудови на USB
- Сите дополнителни конгресни и промотивни материјали
- Коктел за добредојде
- Освежување за време на паузите
- Ручеци според програмата на Конгресот
- Гала вечера
- Примерок од Научно-стручно списание "Патишта"
- Сертификат за учество (со CPD поени од КОАОИ)
Напомена: Во котизацијата не е вклучено хотелското сместување! (види во хотелско сместување)
Испратете ги следните детали до congress@mare.org.mk:
- Имиња на сите учесници
- Име на компанија/институција
- Град
- Телефонски број за контакт
По добивањето на профактура, можете да го извршите плаќањето. Во повикувањето на број, напишете го бројот на профактурата.
Исто како погоре. Исто така, ќе добиете дополнителни инструкции за плаќање за меѓународни трансфери.
Испратете ги следните детали до congress@mare.org.mk:
- Целосно име
- Адреса
- Град
- Телефонски број за контакт
По приемот на профактурата, плаќањето треба да се изврши од вашата лична сметка, повикувајќи се на бројот на фактурата.
* Плаќањата се вршат во денарска противвредност, врз основа на средниот курс на Народната банка на Северна Македонија, плус банкарска провизија.
* За сопствени понуди, изложбен простор или спонзорски пакети, контактирајте не директно.
* Спонзорите мора да ги достават своите рекламни материјали (дизајнот и изработката не се вклучени во таксата).
За какви било дополнителни прашања, ве молиме испратете ни е-пошта на:
| Име и презиме | Наслов | Е-пошта |
|---|---|---|
| Проф. Д-р Горан Мијоски | Претседател на ДПМ | mijoski@gf.ukim.edu.mk |
| м-р Кирил Лазаров | Секретар на ДПМ | lazarovkiril8@gmail.com |


